Трагичарот од Олд Трафорд: „Не прекинувам да размислувам за тоа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во четврток навечер Манчестер Јунајтед избори финале на Европската лига така што одигра 1:1 со Селта.

Ако Селта во некој случај славеше побед,а ќе се пласираше во финалето наместо Јунајтед, а гостите од Виго имаа шанса.

Кај 1:1, во завршницата на мечот, Џон Гуидети можеше да се прослави, но не успеа да ја затресе мрежата на Црвените ѓаволи.

„Последните 48 часа ми беа многу тешки. Не можам да престанам да размислувам за тоа што можеше да биде, но тоа е животот. Некои работри не може да се менуваат. Сега сите плачеме, а кога солзите ќе прекинат, ќе бидеме уште посилни“, рече Гуидети, кој навивачите на Селта го сметаат за трагичар.