„Никогаш не било полошо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер вчера е поразен од Сасуоло и навивачите се исклучително разочарани од сезоната.

Пред Интер е уште една сезона без Европа и клубот никако да тргне напред, без оглед што имаше големо вложување во минатиот период.

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ рече дека го разбира бесот на навивачите на Интер.

„Ги разбирам навивачите. Овде сум веќе пет години и секогаш е иста ситуацијата. Интер не треба да биде седми или осми. Тие можат да бидат стрпливо до одредена точка“, рече Хандановиќ, па додаде:

„Ова е најтежок период откако сум во клубот“.

Интер сега е осми на табелата, а од 2011 година не заврши сезона над четврто место.