„Победивме заедно со навивачите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома синоќа оствари голема победа над Јувентус со резултат 3:1. Со овој триум е продолжена надежта на Римјаните, а со многу среќа, можат и до титулата.

Јувентус поведе со голот на Лемина, меѓутоа Рома со головите на Де Роси, Ел Шарави и Раџа Наинголан стигна до целосен пресврт.

После натпреварот со медиумите разговараше и стрелецот на првиот гол за Рома, искусниот Даниеле Де Роси.

„Многу важна победа за наш пласман на табелата, со оглед дека Наполи славеше нешто порано“, рече Де Роси после натпреварот.

„На Јувентус беше доволен и реми, но бевме пожртвувани, ова беше прекрасна ноќ. Беше ова одлична сезона, без разлика што луѓето зборуваат“.

„Навивачите беа одлични. Не сакам да звучам патетично, но мораме да бидеме како што бевме во осудесеттите години, кога навивачите доаѓаа во голем број на секој натпревар. Тогаш ваква атмосфера беше цело време“, се наврати Де Роси на одличната поддршка која Рома ја имаше од трибината.

„Луѓето зборуваат за се, освен за пружење на поддршка во овој клуб. Победивме за навивачите и благодание на навивачите, бидејќи играњето во ваква атмосфера ви дава подруг дух“, додаде Де Роси, и продолжи:

„Секогаш постигнувам чудни голови на Буфон. Меѓу нас е големо ривалство, но кога ќе се грижите за некоја личност, не можете да го запрете тоа на 90 минути, па после повторно ќе бидете пријатели. Може некогаш ќе се намачиме еден со друг, но навистина ми е грижа за некои играчи на Јувентус“.