„Време е за будење“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри исклучително беше лут после поразот од Рома на Олимпико (3:1).

Иако Јуве со голот на Лемина водеше со 1:0, Рома со одлична игра дојде до пресврт и победа, а Алегри истекна дека ова е вистинско време за будење на неговиот тим.

„Ова барем ќе биде вистинско будење пред финалниот натпревар на Копа против Лацио. Мораме да одиме чекор по чекор, бидејќи не освоивме уште ниту еден трофеј“, истакна Алегри после мечот.

Додаде и дека не ни очекувал дека во директен дуел против кандидат за титулата ќе одлучувал шампионот.

„Игравме против вториот најсилен тим во Италија. Во вакви натпревари сешто може да се случи, но знам дека во вакви дуели никогаш не одлучува шампионот, веќе после други натпревари“, рече Алегри.

Јуве на две кола пред крајот има четири бода пред Рома, а до крајот на сезоната игра уште против Кротоне и Болоња.