„Ова беше скоро совршен натпревар“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ел Шарави во победата на Рома против Јувентус го постигна вториот гол за својот тим. Рома со победата од 3:1 ги задржа минималните шанси до крајот на сезоната да стигне до титулата во Серија А.

На Јувентус му беше доволно реми за да ја обезбеди титулата математички, но Де Роси, Ел Шарави и Наинголан успеаа да направат пресврт и победа за Рома.

„Ова беше скоро совршен натпревар.“

„Не бевме доволно добри во првото полувреме, но потоа направивме пресврт. Беше многу важно да останеме пред Наполи.“

„Докажавме дека не се откажуваме, знаевме дека ова ќе биде решавачки натпревар. Мораме да ја задржиме позицијата. Бевме свесни дека не смееме да згрешиме.“