„Останувам и одам по големи работи!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Челси е новиот шампион во ПЛ.

Со импресивна игра Челси заслужено го освои трофејот во ПЛ, а тренерот на овој тим Конте најавува големи работи за наредната сезона.

Јасно е дека тој ќе остане во тимот, иако многумина го поврзува со заминување во Интер.

„Само што почнавме со работата. Сакаме уште да напредуваме наредната сезона и верувам дека со вистински решенија ќе го направиме тоа. Со овој тим сум 9 месеци и верувам дека можеме уште подобро. Имам идеја, ги познавам играќите и одиме уште посилно во наредната сезона.“

„Сакаме да се бориме за трофеите во сите натпреварувања. Ќе се обидеме да ги задржиме нашите најдобри играчи и да освојуваме трофеи.“

Со заминување од тимот се поврзуваа Азар и Коста, но за трансферите ќе се знае повеќе по завршување на сезоната.