Прогнозата од суперкомпјутерот за ПЛ во јануари се обистини!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не во целост, но доста е точна, може да се каже…

Нормално дека не постои таа машина која ќе успее да ги предвиди сите случувања на теренот, да постои такво нешто сигурно дека обложувалниците не би постоеле, но можеби не би требало ни да се игра фудбал.

Сепак, се повеќе се усовршува.

Секоја година се тестира суперкомпјутерот кој во своја анализа уфрлува голем број на фактори, се работи на потенцијални освојувачи на ПЛ, а во оваа година е погодено.

Предвидувањата биле:

Челси ќе биде шампион со 7 бодови повеќе во однос на Тотенхем

Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Сити ќе бидат во ЛШ

Арсенал ќе биде на 5 место, а Манчестер Јунајтед одма позади нив.

Ситуацијата е следна во овој момент:

Челси е моментално прв со 7 бода повеќе во однос на Тотенхем

Тотенхем, Манчестер Сити и Ливерпул се на позиции кои водат во ЛШ

Арсенал е на 5 место на табелата, Манчестер Јунајтед 6.

Суперкомпјутерот е тестиран во јануари месец во оваа година.

ТУКА можете да погледнете како изгледа таа анализа на суперкомпјутерот.

Сепак, да не биде се точно, се погрижија екипите кои се борат за опстанок.

Според суперкомпјутерот, требаше да испаднат Свонси, Сандерленд и Хал, но Мидлзборо го замени Свонси.