Кој ќе биде мнозински сопственик на Арсенал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Арсенал игра многу лоша сезона, челниците на клубот се расправаат околу мнозинскиот сопственик.

Како што пренесуваат британските медиуми рускиот милијардер Алишер Усманов  понуди на Стен Кренке 1.3 милијарди фунти за откуп на неговиот, мнозински дел во сопствеништвото на клубот од Емирати.

Усманов моментално поседува 30 % од клубот, додека Кренке е мнозински сопственик со 67 % акции во свој посед.

Сепак, сеуште не е познато дали Кренке е спремен да се откаже од својот дел и да препушти апсолутно мнозински дел на акции на Усманов.

Богатсвото на рускиот милијардер се проценува на 11.6 милијарди фунти, додека на Стен Кренке, кој е сопственик и на Денвер Нагетс, е „тежок“ околу 6.1 милијарди.

Арсенал не блеска во оваа сезона, имаат минимални шанси за во последното коло да стигнат до место кое води во ЛШ, единствена шанса да стигнат до трофеј и донекаде да ја ублажат лошата година е освојување на ФА Куп, бидејќи во финалето се среќаваат со новиот шампион на Англија Челси.

Судбината на Венгер на клупата на Топџиите може да зависи токму од резултатите од дуелот на Вембли.