Потврдено е уште едно заминување од Етихад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најавено е дека дури седум играчи ќе го напуштат клубов во ова лето, но засега за заминување потврдија само двајца фудбалери.

Манчестер Сити сезоната во Премиер лигата ја заврши на третото место, останаа без трофеј, па дури и финале во останатите натпреварување (Лига Куп), ФА Куп, Лигата на шампионите), и може да се каже дека деби сезоната на Пеп Гвардиола на клупата на Граѓаните беше неуспешна.

Дури пред крајот пулените на Пеп почнаа да играат онака како што се од нив се очекуваше да играат од почетокот на сезоната, се чини дека голем виновник за таквото нешто е Винсент Компани,  кој повторно поголем дел од сезоната пропушти поради повреда.

Откако се врати во тимот, постигна три погодоци и Граѓаните станаа веројатно и најдобар тим во Премиер лигата.

Токму одбраната без Компано беше голем проблем за Манчестер Сити во оваа сезона, па Гвардиола е решен тоа да го регулира во ова лето.

Забалета се прости од дресот од клубот од Итихад, а сега и Гаел Клиши потврди дека го одигра својот последен меч во синиот дрес од Манчестер.

Тој наводно во едно интервју е запрашан дали во наредната сезона ќе игра со Џо Харт, на што тој го даде следниот одговор.

„Тешко. Не сум сигурен каде Џо ќе биде во наредната сезона,  а јас нема да бидам овде“, изјави Клиши.

Значи и Французинот го напушта клубот,  е по него најверојатно и неговиот сонародник Бакари Сања.

Се очекува клубот да го напушти и Вили Кабаљеро, како и Хесус Навас, иако на Шпанецот е понуден продолжување на соработката, но тој е решен да се врати во татковината и повторно да го облече дресот на Севиља.

Без договор останува и Јаја Туре, но тој наверојатно ќе добие нов едногодишна соработка, додека во клубот ќе остане и млаидот Тосин Адарабајо.