Рома наскоро ќе има нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучиано Спалети нема да биде тренер на Рома после завршувањето на сезоната, а се е извесно кој ќе биде негов наследник.

Договорот на Спалети со Рома истекува за нешто повеќе од месец дена, а Рома на големо спрема негова замена за наредната сезона.

Неколку имиња беа во опција, но челниците на Рома се одлучија за Еузебио ди Франческо.

Ди Франческо моментално е тренер на Сасуоло, направи голем успех со тој тим,  од Серија Б ги доведе до влез во Европа, а во оваа сезона беше доста солидна за тој тим.

Ди Франческо е и емотивно поврзан за Рома, бидејќи како фудбалер во деведесеттите години играше за Волчицата.

Спалети наводно е многу блиску до преземање на Интер, а Ди Франческо вчера истакна дека е “спремен да води голем клуб“.

„Во сабота ќе разговарам со претседателот на Сасуоло и ќе одлучиме за мојата иднина.

Јас навивам за Пескара, но мојот син е продукт на школата на Рома и тоа што е сигурно е дека многу добро поврзан со нив“, рече Еузебио ди Франческо.

Кориере дело Спорт пишува дека се ќе биде решено во наредните 24 часа…