Енис Барди се сели во Ла Лига?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од јасно е дека Енис Барди беше нашиот најдобар играч на претстојното Европско првенство за млади репрезентации на кое учество зеде и нашата репрезентација.

Играчот од средниот ред постигна два од четирите погодоци за Македонија на континенталниот собир во Полска.

Талентираниот фудбалер на Ујпешт ќе биде еден од најбараните македонски фудбалери на трансфер пазарот ова лето. За него интерес има од многу клубови ширум Европа меѓу кои Динамо Загреб, Штутгарт и Видеотон.

Како последен клуб кој пројави интерес за потпис на Енис Барди се споменува членот на Ла Лига, Леванте.

Леванте минатата сезона настапуваше во Сегунда Дивисион но експресно се врати во Примера и сега цели кон засилување на составот за новата сезона во најсилната шпанска лига. Шпекулациите говорат дека токму Барди ќе биде една од опциите за шпанскиот клуб ова лето.