Бакајоко го одбил Манчестер Јунајтед за Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на францускиот спортски весник „Лекип“, Тему Бакајоко одбил понуда од Манчестер Јунајтед за да се приклучи на редовите на Челси.

По одличната сезона Бакајоко беше мета на многу европски клубови, а најзаинтересирани за неговите услуги биле премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челси.

Сепак, Французинот лично одлучил да ја одбие понудата од „Црвените ѓаволи“ и да ја прифати таа на Челси.

Како што се шпекулира Бакајоко ќе пристигне во Челси за 35 милиони фунти, а лекарските прегледи ќе ги има веќе следната недела во Лондон.