Работнички ја покажа класата против Тре Пене


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Работнички ја покажа својата класа против Тре Пене и го испрати анонимниот тим од Сан Марино со шест „парчиња“ во својата мрежа.

„Романтичарите“ доминираа во текот на целиот натпревар, а пред првиот гол создадоа неколку шанси кои не ги реализираа.

Првиот погодок дојде во 28 минута преку Суад Сахити, а потоа се беше полесно.  Најденов во 43 минута зголеми на 2:0 и со тој резултат се замина на одмор.

Истиот играч погоди уште еднаш во 59 минута за сигурно и убедливо водство на Работнички. Младинскиот репрезентативец, Кире Маркоски погоди за 4:0 во 71 минута, а потоа два гола даде и новото засилување за клубот, Стојанче Велинов.

Противник на клубот од Дебар Маало ќе биде подобриот од двомечот Рунавик- Динамо Минск. Првиот натпревар заврши со 2:1 во корист на белорускиот претставник.