Иако пријателска, нашите кошаркари ја победија Бугарија

July 15th, 2017 | by Jordan Tancev
Иако пријателска, нашите кошаркари ја победија Бугарија
Вести
0

 

Вечерва во Спортскиот центар Борис Трајковски во еден пријателски натпревар, репрезентацијата на Македонија ја победи Бугарија со 80-70.

Загубивме два пати во Словачка, но денеска избраниците на Јорданчо Давитков беа подобри од нашиот сосед Бугарија и сосема заслужено славевме со двоцифрена разлика.

Во нашиот тим Диме Тасовски беше најефикасен со 18 поени, Војдан Стојановски постигна 17, а со двоцифрен број поени натпреварот го завршија Џордан Теодор – 15 и Ѓорѓи Чековски – 12.

Следни натпревари во подготовките Македонија ќе ги има на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ од 20-22 јули во Скопје. Покрај домашната селекција на турнирот ќе учествуваат Босна и Херцеговина, Португалија и Холандија

Comments are closed.