Ромеро ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед

July 16th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Ромеро ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед
Англија
0

Аргентинскиот чувар на мрежата, Серхио Ромеро ја продолжи верноста со Манчестер Јунајтед потпишувајќи нов четиригодишен договор кој ќе го остави на „Олд Трафорд“ до 20120 година.

30 годишниот голман во Манчестер Јунајтед пристигна во 2015 година како слободен агент и од тогаш до сега собра 28 натпревари за „Ѓаволите“.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор. Кој не би сакал да остане во најголемиот клуб на светот?

Имаме одлични голмани овде и ние постојано учиме еден од друг. Секако, многу горд момент беше за мене и за моето семејство моето учество во финалето на Лигата на Европа. Подготвен сум да помогнам на тимот да го надгради минатогодишниот успех во сезоната што претстои“-коментираше Ромеро по потпишувањето на договорот.

Comments are closed.