Барди промовиран во Леванте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако вчера се официјализираше трансферот на нашиот репрезентативец Енис Барди во редовите на Леванте денес следеше и официјално претставување на фудбалерот пред медиумите.

На прес конференцијата говореа претседателот на Леванте, Кико Катлан, а свое видување за трансферот даде и Енис Барди.

„Благодарност до Барди што одлучи да го носи нашиот дрес. Се надевам дека со неговата желба ќе ни помогне да ги постигнеме посакуваните цели. Во клубот посакуваме ова ново искуство да биде продуктивно за тебе“– коментираше претседателот на Леванте, Катлан.

Барди пак истакна дека е среќен што ќе игра во најдобрата лига во светот и дека во клубот е примен одлично од новите соиграчи.

„Сакам да се заблагодарам на Леванте што ми даде шанса да играм во Ла Лига. тоа е мој сон. Сите членови во клубот ме прифатија многу добро, ова е едно големо семејство. Пресреќен сум овде, а мојата цел е да го напредувам како играч давајќи го максимумот за клубот“- коментираше Барди.

Барди на официјалното претставување исто така истакна дека може да игра на повеќе позиции во средниот ред.