Верати го отпушти агентот и го назначи Раиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мино Раиола веќе има нов клиент откако вчера беше официјализирана соработката со играчот на ПСЖ, Марко Верати.

Италијанскиот интернационалец беше поврзуван со трансфер во Барселона, а неговиот сега веќе поранешен агент Донато Ди Кампли го навлече гневот врз него и Верати кога истакна дека Италијанецот е заложник на челните лица на францускиот клуб.

Манчестер Јунајтед веќе потпиша со неколку клиенти на Мино Раиола откако Мурињо е нов предводник на клубот, а се очекува дека „Ѓаволите“ ќе се обидат да го донесат и Верати во своите редови.