Работнички со убедлив пораз ги заврши настапите во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Работнички доживеа убедлив пораз од 3:0 на гостувањето во Белорусија кај Динамо Минск.

Победата за Белорусите беше повеќе од доволна по ремито од 1:1 пред една недела во Скопје.

Првиот погодок го постигна Нојок во 20 минута од натпреварот кога прецизно биеше од работ на шеснаесетникот, а голманот на „Романтичарите“ Шишковски не реагираше баш најдобро.

Нино Галовиќ го постигна вториот гол за домаќините во 70 минута од натпреварот. Во првиот дел од второто полувреме Работнички заиграа нешто поангажирано, но за жал напаѓачите во црвено не беа на нивото на задачата.

Конечниот резултат го постигна Сарока во 84. минута од натпреварот.  Напаѓачот на Динамо Минск излезе сам пред Шишковски и без проблеми го матираше младиот репрезентативен чувар на мрежата на Работнички.