Официјално: Мората нов фудбалер на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси го комплетираше рекордниот трансфер на Алваро Мората од Реа Мадрид.

Шпанскиот репрезентативец со клубот од „Стемфорд Бриџ“ потпиша петгодишен договор, а трансферот ќе изнесува 70 милиони фунти.

Алваро Мората ќе се приклучи на неговите нови соиграчи на претсезонската турнеа во Азија.

„Многу сум среќен што сум овде. Неверојатно емотивно е да се биде дел од овој голем клуб. Очекувам да работам напорно, да постигнувам колку што можам повеќе голови и да освојам многу трофеи“- коментираше Мората по потпишувањето на договорот.

Како што е познато од поодамна Мората беше на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед но до реализација на такво нешто не дојде.