ОФИЦИЈАЛНО: Потврдени датумите за извлекувањата од Лигата на Шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската куќа на Европа, УЕФА, денеска ги објави датумите за извлекувањата на натпреварувачките рунди за квалификациите, групната фаза и нокаут-фазата во Лигата на Шампионите.

 

Ждрепката за плејофот за ЛШ ќе се одржи на 4-ти август, групната фаза ќе се извлекува на 24-ти истиот месец за на крајот на годината, поточно на 11-ти декември да ги добиеме и паровите од осмина-финалето. Во 2018-та пак, првото извлекување ќе биде она за четврт-финалето и тоа ќе се одржи на 16-ти март. И последното извлекување ќе биде одржано на 13-ти април и тоа ќе ги одреди противниците во полуфиналето.

 

Финалето ќе се одигра на 26-ти мај 2018 година на Олимпискиот Стадион во Киев, Украина.