Ивановски во гол форма, уште еден погодок во дресот на Славен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мирко Ивановски на фантастичен начин ја отвори новата сезона во хрватскиот шампионат.

Повремениот македонски репрезентативец постигна уште еден гол, трет за него во четвртиот натпревар во новата сезона во ХНЛ.

Ивановски стрелаше во 48 минута од натпреварот против Цибалија кога одлично го лобуваше гостинскиот голман за 1:0.

Певан во 70 минута го изедначи резултатот на 1:1, а кончените 2:1 ги постигна Перичиќ кој во 78 минута си постигна автогол.

Ивановски со три гола ја дели првата позиција на листата на стрелците заедно со неколку играчи.