Интер застанува во редот за Ријад Марез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Тимот од Милано, застанува во редот за потписот на фубалерот на Лестер, Ријад Марез. Откако Рома не успеа да го ангажира играчот кој е главна ѕвезда на Лестер, да си ја пробаат среќата сакаат и челниците на Интер кои цврсто веруваат дека Алжирецот би можел да заврши на „Џузепе Меаца“.

Римскито тим испрати две понуди но беа одбиени од страна на „Лисиците“.

Медиумите зборуваат дека Лестер би го пуштил, Марез само за сума од 50 милиони евра, а како што пренесуваат итал. медиуми Интер е сериозен во својата намера за доведување на играчот.