ОФИЦИЈАЛНО: Ѕвездата на Лудогорец потпиша за Бордо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Бугарскиот тим Лудогорец во минатите неколку години беше стандарден учесник во европските натпреварувања и со тоа ја изненади европската јавност.

Нивниот најдобар играч Џонатан Кафу денеска ги помина медицинските прегледи и го официјализираше трансферот во француски Бордо. Висината на трансферот е 7.5 милиони евра а тој потпиша четиригодишен договор со составот од Ligue 1.

Џонатан Ренато Барбоса Кафу е 26-годишен бразилец кој игра како десен крилен напаѓач. Тој пред да биде играч на Лудогорец настапуваше во бразилската прва лига за тимот на Сао Паоуло. Оттаму беше донесен во Бугарија за 750 000 евра.

 

Кафу ќе се приклучи веднаш на тренинзи со тимот кој го води тренерот Жоселин Гувернак. Француската лига почна уште минатиот викенд а во првото коло тимот на Бордо ремизираше против Ангерс со резултат 2:2.