„Не е важно дали нудат 100 или 500 милиони, тој не оди никаде“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Фановите на Ливерпул, можат да бидат мирни, Клоп е човек кој цврсто стои на својот став, а тој денеска уште еднаш потврди „Кутињо не оди никаде“.

Барселона е „загреана“ за Бразилскиот крилен играч, но од Ливерпул не размислуваат за продажба на играчот, иако волјата на Фил Кутињо е спротивна од онаа на Клоп и раководството.

„Тој не оди никаде. Сакам да запре ова лудило со расфрлање на пари, ниту 500 милиони нема да го променат мојот став, тој останува на „Енфилд“.“ – изјави тренерот на Ливерпул.

Филип Кутињо во јануари оваа година го проолжи договорот со Ливерпул, имено тој стави потпис на нов петгодишен договор што го врзува со клубот до 2022 година.