ОФИЦИЈАЛНО: Мет Лоџески е нов играч на Панатинаикос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Американецот со белгиски пасош, Мет Лоџески е нов играч на грчкиот Панатинаикос откако претходните 4 сезони ги помина во нивниот лут ривал Олимпијакос.

 

Лоџески креираше историја со тоа што стана странец со најдолг стаж во Олимпијакос, а со тоа што потпиша за нивниот најлут ривал Панатинаикос остава и голема трага во самото ривалство помеѓу овие два тима.

 

Американецот беше и во преговори со Барселона, но сепак на крајот заврши во Панатинаикот. Ова е само четврт клуб во кариерата на 32-годишниот шутер, откако претходно тој играше за Окапи Аалстар, Оостенде, пред да се приклучи на Олимпијакос.