Напаѓачот на Арсенал го прекинува „лошиот сон“ наречен Премиер Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

 

Лукас Перез е на излезните врати од Арсенал, откако напаѓачот по направениот траснфер во Премиер Лигата не успеа да се снајде под палката на Арсен Венгер, кој за шпанецот плати околу 13 милиони евра.

28-годишниот играч се верува дека ќе го напушти „Емирати“ и повторно ќе се врати во својот клуб Депортиво Ла Коруња, за сума од 10 милиони.

„Топчиите“ го ангажираа играчот минатата сезона во август, претходно Лукас Перез настапуваше за тимот на Депортивокаде што постигна 17 гола во 36 лигашки натпревари, но тој не успеа својата форма да ја пренесе и во Премиер Лигата, која за него беше само лош сон.