Ливерпул – Хофенхајм: Коутињо го нема, Фирмино стартер против поранешниот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Во стартните состави за вечерашниот меч од плејофот за ЛШ помеѓу Хофенхајм и Ливерпул го нема Коутињо, но затоа другиот бразилец Фирмино е стартер против својот поранешен тим.

 

Стартни состави за двата тима:

Хофенхајм: Бауман; Кадерабек, Хубнер, Бичакчич, Руп; Вогт, Гнабри, Демирбај, Зубер; Крамариќ, Вагнер.

Ливерпул: Мињоле; Александер-Арнолд, Ловрен, Матип, Морено; Хендерсон, Чан, Вијналдум; Салах, Мане, Фирмино.

 

Отсуството на Коутињо се должи најверојатно на тоа што тој е пред трансфер во Барселона, па затоа не беше ни пријавен за овој двомеч против Хофенхајм. Алберто Морено пак добива одново шанса на левата бековска позиција пред Џејмс Милнер, кој доколку затреба ќе биде на клупата.