Рој Кин: „Има само еден тим во Премиер Лигата за кого би платил да го гледам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 


Поранешниот играч и легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин признава дека постои само еден тим во Премиер Лигата за кого тој би платил да го гледа и тоа е Арсенал.

Рој Кин исто така открива дека ривалството за титулата во Премиер Лигата во деведесетите и раните двеилјадити помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед било огромно.

„Нема многу тимови за кои би платил да ги гледам, но кога Арсенал ја игра својата игра, тоа е уживање, за нив би платил да ги гледам.“ – изјави играчот.

„Нивниот стил на игра е брилијантетн“.

„Се сеќавам на вермето кога требаше да играме против нив, иако имав некоја повреда на коленото, нешто одвантре ме тераше да се спремам за вистински фудбал, за битка.“

„Да бидам искрен, ривалството тогаш беше поголемо, инциденти во тунелите, груби стартови, но сепак се играше одличен фудбал и се постигнуваа неверојатни голови.“ – заврши Рој Кин.