Далас Маверикс и Џеф Вити се договорија, центарот има нов дом


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Во отсуство на разрешница на ситуацијата помеѓу Нерленс Ноел и Далас Маверикс, тимот тргна кон потпишување на резервна опција на центарската позиција.

 

27-годишниот Џеф Вити повеќе не е слободен агент откако тој пронајде заеднички јазик со раководството на Далас Маверикс и потпиша едногодишен договор со тимот од Тексас. Ова ќе биде трет тим во кариерата на снажниот центар откако претходно играше за Њу Орлеанс Пеликанс и Јута Џез.

 

Во минатата сезона Вити одигра 51 натпревар за Јута и имаше ограничена минутажа од само десетина минути по натпревар.