Милан во преговори за “чудото од дете” на Џенова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Тимот на Милан летово потроши огромна сума на пари за да го “реновира” составот и повторно да го направи компетентен, не само во италијанската лига туку и на европско ниво. Поголемиот дел од купените играчи се млади, надежни играчи на кои ќе се потпре екипата и во иднина, а и нивната следна цел спаѓа во истиот калап на играчи.

 

Миланскиот тим е заинтересиран за 16-годишниот ултра-талентиран играч на Џенова, Пиетро Пелегри. Пелегри игра на позицијата централен напаѓач и е висок 191 центиметар. Неговиот стил на игра потсетува на Лука Тони а од Милан сметаат дека во иднина тој ќе се развие во еден од најдобрите италијански фудбалери.

Пиетро Пелегри моментално игра за италијанската репрезентација за играчи под 17 години, откако претходно ги помина сите претходни младински категории.