Елмас: Голема е честа да се игра крај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата најдобра репрезентација утре со почеток од 20:45 часот во Хаифа ќе се сретне со репрезентацијата на Израел.

Избраниците на Игор Ангеловски ќе бркаат втора победа во овој квалификационен циклус и ќе бараат реванш за незаслужениот пораз од Скопје.

Најмладиот репрезентативец во нашиот табор, Елиф Елмас вели дека репрезентативците се подготвени за предизвикот. Новиот член на Фенербахче истакна дека голема е честа за него да игра покрај фудбалски имиња како Пандев, Несторовски, Барди и Алиоски.

„Мора да кажам најпрво дека ми е чест што повторно добивам повик од А репрезентацијата. Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите е голема чест. Оваа селекција има иднина, посакуваме тоа да го покажеме и против Израел. Ќе биде тежок меч, но подготвени сме за предизвикот. Ако добијам шанса, секако ќе се потрудам да ја искористам зошто овој дрес многу значи за мене“-изјави Елиф Елмас.