Тер Штеген: „Буфон е мојот идол“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, изјави дека Џанлуиџи Буфон е неговиот фудбалски идол.

Каталонците ќе се соочат со Јувентус, утре во првото коло од групната фаза на Лигата на Шампионите, на Камп Ноу, а капитенот на „Старата Дама“ утревечер ќе го одигра својот 116 европски натпревар.

„Тој е идол на сите во фудбалот“. Изјави Тер Штеген, кога беше запрашан што мисли за Буфон на денешната прес конференција.

„Многу луѓе ги завршуваат своите кариери на 40-години, но тој сеуште е во врвот. Имам неверојатен респект за него, и се надевам ќе игра уште многу, многу години.“

Овие два клуба се сретнаа минатата година во четврт-финалето од Лигата на Шампионите, а тогаш „Старата Дама“ ги надигра каталонците со вкупен резултат од 3-0.

„Има многу промени во нашиот тим од тогаш, тренерот Валверде има нови идеи, и нашиот стил на игра е малку поразличен“.

„Не гледаме на овој натпреварот како дуел за одмазда, туку ќе се фокусираме целосно на нашата игра, и се надевам дека на крајот ние ќе славиме“. – заврши Штеген.