Милан го избра наследникот на Монтела


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се чини дека Виченцо Монтела не може да се носи со предизвикот да состави шампионски тим во Милано.

Иако Росонерите потрошија многу пари на засилувања оваа сезона и комплетно го променија изгледот на тимот се уште се далеку од шампионски тим. Имено, Милан по седум одиграни кола се наоѓа на 7. позиција на табелата со четири победи и три порази.

Како што наведува „Кориере дело Спорт“ од Милан со сите сили ќе тргнат кон ангажман на менаџерот на Челси, Антонио Конте. Кинеските сопственици на клубот се подготвени да го одврзат ќесето и во јуни да го донесат на „Сан Сиро“ актуелниот предводник на Челси.