Фантастичен меч на „Грбавица“ меѓу Босна и Белгија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Белгија понуди доста возбудувања и неколку пресврти, а паднаа дури седум погодоци.

Белгијците поведоа уште во четвртата минута преку Томас Меуние, но до полувремето домаќините направија пресврт и на пауза заминаа со предност од 2:1. Најпрво Медунјанин изедначи на 1:1 во 30. минута, а девет минути подоцна Висча зголеми на 2:1 по големата грешка на Вертонген.

Во второто полувреме видовме уште поубав фудбал отколку по првите 45 минути. Играчот на Челси, Мичи Батсуаи по нешто повеќе од еден час игра го изедначи резултатот на 2:1, а во 68. минута гостите повторно стигнаа до предност по голот на Вертонген.

Осум минути до крајот на натпреварот Думиќ го изедначи резултатот и донесе голема радост на „Грбаица“, но сите надежи на домаќините го згасна Јаник Фереира Караско во 84. минута постигнувајќи го конечниот резултат.

Во оваа група Естонија со шест голови го „почести“ тимот на Гибралтар во натпревар без резултатско значење.

Во групата А Шведска победи со високи 8:0 против Лихтенштајн кој во претходното коло ја изненади репрезентацијата на Франција играјќи без голови. Гранквист ја започна серијата, а потоа на сцена стапи Берг кој ги постигна следните три голови за домашниот тим. Голот за 5:0 го постигна Лустиг, а потоа Гранвкист погоди и за 6:0. Со својот четврти гол на натпреварот Берг зголеми на 7:0, а конечниот резултат го постигна искусниот Ола Тоивонен.