Барселона во јануари тргнува по играчот на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера е на врвот на листата на желби на Валверде за јануарскиот преоден рок.

Како што пишува „Дон Балон“ Ернесто Валверде сака повторно да соработува со Ерера со кого имаа одлична соработка кога и двајцата беа во Атлетик Билбао.

Истиот весник пренесува дека во Манчестер Јунајтед како замена за Ерера ќе дојде фудбалерот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец, Касемиро, но тој трансфер ќе се реализира следното лето.