Јувентус сигурен против Удинезе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус успеа да му даде дури шест голови на Удинезе иако во поголем дел од натпреварот играше со играч помалку.

Марио Манџукиќ во само една минута успеа да испровоцира два жолти картони и со тоа да го заврши натпреварот уште во 26. минута.

Стипе Перица го доведе Удинезе во водство по еден соло продор во 8. минута. Сепак, само шест минути подоцна Самир си постигна автогол и го изедначи резултатот.

Кедира во 20. минута го донесе Јувентус во водство и во релативно мирно заминување на пауза. Веќе во втората минута од вториот дел Данило погоди за повторно израмнување на резултатот. За жал на домаќините тоа беше последното добро нешто што го сторија на овој натпревар.

Ругани во 52. минута повторно го донесе Јувентус во водство. Седум минути подоцна Ругани беше асистент за Сами Кедира. Германскиот репрезентативец во 87. минута го комплетира хет-трикот на денешниот натпревар, а конечниот резултат го постави Миралем Пјаниќ во последните моменти од натпреварот.