Барди асистент во победата на Леванте (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес на програмата беа пет средби од 1/16 финалето во шпанскиот куп, Копа Дел Реј.

Противникот на Вардар од групната фаза во Лигата на Европа, Реал Сосиедад неочекувано минимално славеше против Леида со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Серхио Каналес.

Она што е многу поинтересно за нас е настапот на Енис Барди во дресот на Леванте. Нашиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути во победата на неговиот тим над Џирона со 2:0. Барди беше асистент на вториот погодок на Дукуре во 61. минута од натпреварот.

Реал Мадрид славеше победа на гостувањето кај Фуенлабрада со 2:0. Нашиот поранешен младински репрезентативец, Дин Аломеровиќ не доби шанса за тимот на Фуенлабрада. Стрелци на головите за „Кралевите“ беа Марко Асенсио и Лукас Васкез.

Резултати:

Леида- Р. Сосиедад 0:1

Деп. Ла Куруња- Лас Палмас 1:4

Џирона- Леванте 0:2

Фуенлабрада- Реал Мадрид 0:2

Тенерифе- Еспањол 0:0