Сити не запира, Арсенал со пресврт поуспешен од Свонси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со 3:2. „Граѓаните“ поведоа со голото на Сане во 10. минута. Само три минути подоцна ВБА дојде до изедначување откако Џеј Родригез ја искористи грешката на Едерсон и Стоунс. Сепак, во 15. минута Сити ја врати предноста на своја страна со голот на Фернандињо.

Натпреварот го реши Рахим Стерлинг во 65. минута од натпреварот кој во игра влезе само неколку минути порано.

„Топчиите“ славеа тешка но заслужена победа на домашен терен против Свонси. По првиот дел Арсенал губеше од Свонси со 1:0. Голот за „Лебедите“ го постигна Сем Клукас во 22. минута. Избраниците на Венгер се вратија во игра со голот на Сеад Колашинац во 51. минута. Истиот играч само седум минути подоцна се најде во улога на асистент на Ремзи кој го постави конечниот резултат.

Резултати:

Манчестер Јунајтед- Тотенхем 1:0

Арсенал- Свонси 2:1

К. Палас- Вест Хем 2:2

Ливерпул- Хадерсфилд 3:0

Вотфорд- Стоук 0:1

ВБА- Манчестер Сити 2:3