Реал веќе нема трпение со Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат некои медиуми Реал Мадрид уште во јануари ќе се обиде да го продаде Герет Бејл кој подолго време мака мачи со повреди.

Најновата повреда на Герет Бејл која ја доби додека не заздрави од претходната беше капката која ја прелеа чашата и поради која Реал Мадрид одлучи да го продаде Велшанецот.

Летото се пишуваше дека за Бејл се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Тотенхем но прашање е дали ќе се согласат да ја платат високата цена која Реал Мадрид ќе ја плати за некогаш најскапиот фудбалер во светот.

28 годишниот Бејл има пропуштено над 60 натпревари по доаѓањето во Реал Мадрид, а веројатно ќе биде надвор од терените уште шест недели.