Се враќа Марко Пјаца, Јуве посакува уште еден Хрват


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе по малку заборавениот хрватски  талент, Марко Пјаца конечн се враќа на терените, најверојатно овој викенд на мечот против Сампдорија.

Пјаца имаше несреќна низа на повреди, откако пристигна во Торино од екипата на Динамо. Првата повреда веќе стигна минатата есен 2016. година кога отсуствуваше од терените 70 дена, пропушти 13 натпревари, а потоа оваа година доживеа тешка повреда во дресот на Хрватска поради што паузираше повеќе од 220 денови.

Во повеќе од година дена настапи на само 20 натпревари за Јувентус. Конечно е спремен откако постигна два гола на припремниот натпревар.

Младиот хрватски фудбалер нема да може да настапи во Лигата на шампионите до крајот на оваа година, бидејќи Јувентус не го регистрираше за ова натпреварување.

Некои италијански медиуми јавуваат дека на Пјаца и Манџукиќ би можел да му се приклучи уште еден Хрват.

Старата Дама наводно го посакува Шиме Врсаљко, кој ги покажа уште еднаш своите квалитети во последните натпревари во дресот на Хрватска, а Италјанците го паметат по добрите игри во дресот на Сасуоло.

Во мадридски Атлетико се бори за поголема минутажа, но неодамна изјави дека не планира да си оди од Мадрид.