Ноќ за уживање на фановите на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Манчестер Јунајтед може двојно да слават по денешниот натпревар со Њукасл на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ иако имаа негатива од 1:0 без поголем проблем славеа против тимот предводен од Рафа Бенитез со 4:1.

Причина плус за задоволство на фановите на „ѓаволите“ е и фактот што на теренот се вратија нивните двајца најдобри играчи од минатата сезона, Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.

Моментот кога Ибрахимовиќ влезе во игра

Погба активно учествуваше во резултатот со еден погодок и една асистенција, додека Златан имаше една шанса, но Елиот го скроти неговиот ефектен удар.

Њукасл дојде до предност со голот на Двајт Гејл уште во 14. минута. Јунајтед изедначи преку Марсијал во 37. минута, за во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме и да направи пресврт преку Крис Смолинг.

На 3:1 зголеми Пол Погба по одличното подавање од страна на Рашфорд, а конечниот резултат го постигна Ромелу Лукаку кој стави точка на својот голгетерски пост кој траеше седум натпревари по ред.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед се врати на втората позиција со бод повеќе од Челси, и дури осум бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.