Паника во Манчестер Јунајтед?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од ден на ден се погласни се шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе го напушти кормилото на Манчестер Јунајтед и од следната сезона ќе се пресели во редовите на ПСЖ.

Јавноста во Англија се прашува дали ваквиот чекор на Мурињо е за да си обезбеди побогат договор со Манчестер Јунајтед, па ПСЖ го користи како „мамка“ или е свесен дека не може да го победи Пеп Гвардиола кој со Манчестер Сити игра фантастичен фудбал и во моментов е лидер во Премиер Лигата со осум бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Јунајтед.

Како и да е, опцијата ПСЖ за Мурињо постои. Парижаните со раширени раце би го прифатиле Мурињо, и не е тајна дека тоа го соопштиле на неговиот агент Мендеш.

Како ќе се развива ситуацијата останува да видиме во наредниот период. Меѓу фановите на „Ѓаволите“ постои поделено мислење околу иднината на Мурињо, едни сакаат тој да го напушти клубот, други пак дека во моментов нема поадекватно решение за клупата на најтрофејниот англиски клуб.