Гризман со ултиматум до Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентоан Гризман не е баш во идеална форма оваа сезона и затоа се почесто е на удар на навивачите на Атлетико Мадрид.

Ваквата ситуација го натера Французинот да мисли на својата иднина и веројатно многу скоро ќе ги напушти „јорганџиите“.

Сериозен интерес за него има од Барселона, но засега конкретна понуда на адреса во Мадрид се уште не е стигната. Затоа, како што пишува „Дон Балон“ Гризман сам ги контактирал челниците на Барселона и им порачал да ја платат неговата откупна клаузула од 100 милиони евра во најскор можен период во спротивно тој ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

Гризман има валиден договор со Атлетико до 2022 година, а оваа сезона во црвено белиот дрес на 16 натпревар постигна само шест голови на кои придодаде и пет асистенции.