Силва го продолжи договорот со Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Давид Силва потпиша продолжување на соработката со Манчестер Сити на дополнителна една година.

Договорот ќе го задржи Шпанецот кај моменталниот лидер во Премиер Лигата до 2020 година што значи дека тој ќе остане кај „Граѓаните“ и десетта сезона по неговото пристигнување од Валенсија во 2010 година.

Од тогаш до сега Давид Силва на 234 лигашки натпревари постигнал 40 погодоци во дресот на Манчестер Сити.