Обамејанг се сели во Евертон?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најеминентниот германски весник „Билд“ излезе со информација дека Евертон е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе Пјер Емерик Обамејанг.

„Карамелите“ не пронајдоа адекватна замена за Лукаку кој летото се пресели во Манчестер Јунајтед. Бидејќи Руни и Сандро играат под своите очекувања од Евертон се во потрага по напаѓач од светска класа, а за таа цел планираат да ги потрошат парите заработени токму од трансферот на белгискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“.

За Обамејанг од поодамна сериозен интерес има и од редовите на Ливерпул и Челси.