Одлични вести за навивачите на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во вторникот славеше против Олимпијакос и се пласираше во следното коло од Лигата на шампионите. Во тој важен натпревар Пјаниќ влезе од клупата иако се жалеше на повреда во мускулот.

Навивачите на Јувентус стравуваа дека Пјаниќ ќе го пропушти натпреварот со Интер кој ќе се игра во Торино овој викенд.

Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Пјаниќ ќе биде во конкуренција за составот и дека повредата веќе е минато. Тоа сигурно се одлични вести за Јувентус пред дербито за врвот на табелата.