Одличен гол на Трајковски за Палермо (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски денеска го постигна својот втор гол за Палермо оваа сезона.

Крилниот фудбалер стрелаше за неговиот тим во победата над Бари од 0:3. Трајковски беше творец на вториот гол на Палермо со одличен и одмерен удар од 12 метри.

Трајковски беше еден од најдобрите играчи на денешниот натпревар и треба да се очекува да ја зголеми минутажата пред зимскиот преоден рок. Се шпекулираше дека нашиот репрезентативец ќе замине во јануари поради слабата минутажа, но со вакви настапи би можел повторно да ја „купи“ довербата на тренерот.

Илија Несторовски не настапи против Бари поради повреда која ќе го оддалечи од терените уште две недели.