Робињо се враќа во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот 33 годишен бразилски фудбалер, Робињо би можел да се врати во европскиот фудбал.

Некогаш најголемата ѕвезда на „кариоките“ моментално е без клуб откако ја заврши соработката со Атлетико Минеиро, а за неговите услуги заинтересиран е турскиот Коњаспор.

Робињо наводно е заинтересиран за доаѓање во турскиот клуб и ако дојде до договор тоа ќе значи дека офанзивниот фудбалер ќе се врати во европскиот фудбал.

Дали трансферот ќе се реализира ќе дознаеме во следните неколку денови.