Волкот пристигна на медицински прегледи во Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува „Скај Спортс“ играчот на Арсенал, Тео Волкот пристигнал во Ливерпул и би можел набрзо да стане нов играч на Евертон.

Преговорите меѓу клубовите се во тек, а Англичанецот чека на исходот за веднаш да ги помине медицинските прегледи на „Финч Фарм“.

Евертон го победи Саутемптон во трката за Волкот, а како што пренесуваат медиумите Арсенал за него ќе добие 20 милиони фунти.

Тео Волкот пред 12 години од Саутемптон пристигна во редовите на Арсенал, но во последните неколку години се мачеше да обезбеди стандардно место во првиот тим на „топчиите“.