Мура не оди во Манчестер Јунајтед но ќе се пресели во Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ објавува дека за играчот на ПСЖ, Лукас Мура постои интерес од страна на англискиот Премиерлигаш, Тотенхем.

ПСЖ ќе ги слуша понудите кои ќе пристигнат на нивна адреса за Бразилецот, но нема да го пушти да си замине од клубот на позајмица. Манчестер Јунајтед беше сериозно заинтересиран за него, но по речиси договорениот трансфер на Алексис, „ѓаволите“ се откажаа од намерата да го донесат во своите редови.

Лукас Мура се уште нема старт во тимот на ПСЖ оваа сезона и многу е веројатно дека ќе си замине овој јануари.